Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос, откако го победи Пабло Карено-Буста во четвртфиналето во четири сета со 4-6, 6-2, 6-3 и 6-4. Ѓоковиќ во битката за финалето за противник ќе го има Циципас.
Србинот го загуби првиот сет од Буста со кого се сретнаа и на УС опен, кога Ѓоковиќ беше дисквалификуван откако со топче погоди една од линиските судијки откако поенот беше завршен. Првиот светски тениски рекет Ѓоковиќ по загубениот сет ја презема контрола над мечот. Шпанецот се бореше и не се предаваше лесно, а Ѓоковиќ се жалеше на ситни повреди, поради што побара и медицински тајм-аут, во што се сомневаше неговиот ривал дека е за вистинска намена.
Двајцата водеа жестока борба, разменија и еден куп различни удари, а Ѓоковиќ освои поен за кој зборува цел свет!
Siri, show me a point that has everything. #RolandGarros pic.twitter.com/mpHaIdfDd8
— Roland-Garros (@rolandgarros) October 7, 2020