Патријархот Московски и на цела Русија, Кирил изјави дека е во карантин по контакт со лице заразено со коронавирусот, поради што ги одложи своите најавени активности.
„Со најголемо жалење, сакам да потврдам дека овој пат не можам да ја споделам радоста на молитвата со сите вас. Причината за тоа се моите неодамнешни контакти со личност на која и беше дијагностицирана инфекција со коронавирус“, соопшти патријархот.
Тој додаде дека го почитува рокот за личен карантин, во согласност со упатствата на лекарот.