Висок суд во Мадрид денеска ја оспори наредбата на шпанската Влада за воведување делумна забрана за движење во главниот град и уште девет други околни градови, отфрлајќи ја како кршење на човековите права.
Судот на тој начин застана на страната на регионот Мадрид во спорот со централната Влада.
Согласно уредба на Министерството за здравство, регионот Мадрид е принуден да им забрани на жителите да излегуваат без валидна причина.
Регионалните власти се жалеа на одлуката.
По денешната судска одлука, граѓаните нема да можат да бидат казнети доколку ги прекршат карантинските мерки.