Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ изјави дека денеска претседателот на Собранието упатил предлог Здравко Кривокапиќ да биде мандатар за состав на новата влада.
Претходно, Ѓукановиќ одржа консултации со носителите на трите победнички листи – Кривокапиќ, Алексо Бечиќ и Дритан Абазовиќ.
Ѓукановиќ наведе дека консултациите биле во согласност со Уставот на Црна Гора и им се заблагодари на претставниците на новото мнозинство за присуството.