Во МВР продолжува процесот на „ветинг” заедно со сите други проекти за јакнење на професионализмот, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Одговарајќи на новинарско прашањето до каде е процесот на „ветинг” во МВР, тој потсети дека е спроведен дел од ветингот што се однесуваше на Агенцијата за национална безбедност на поранешните вработени во УБК и врз основа на тој ветинг, како што рече, е утврдена листа, што е доставена до Владата, на оние лица кои треба да заминат од МВР.
– Тие податоци ги имаме и може да ги добиете како бројка, точно колку се и кои треба да преминат итн… додека вториот дел од процесот што се однесуваше за МВР, а жалам што застана за време на техничката Владата, сега го продолжуваме заедно со сите проекти што ќе значат јакнење на профеисонализмот, а ги работиме заедно со мисијата на ОБСЕ и на тој аначин да ги постигнеме посакуваните резултати пред се на подигнувањето на нивото и на капацитетите на полициските службеници, изјави денеска министерот Спасовски, кој во Полицискиот центар „Ѓорче Петров”, прими донација од Американската амбасада за МВР во вредност од 460 илјади американски долари.