Арсовски: ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи попис кој отстапува од европските стандарди

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски денеска истакна дека власта до сега не ја консултирала опозицијата во врска со законот за спроведување на пописот и најави дека партијата нема да поддржи решение кое, како што рече, отстапува од утврдените критериуми спроведувани од напредните европски земји.

– Пописот треба да биде статистичка, а не политичка операција. До сега власта ја нема консултирано опозицијата за вака суштествено и стратешко, важно прашање на земјата. Пописот не треба да се спроведе во зависност на политичките интереси на власта на Зоран Заев, туку со почитување на европските критериуми за попис, пропишани од ЕУРОСТАТ која е институција за вакви дејности во Европската унија. Таков попис, кој би отстапувал од утврдените критериуми спроведувани од напредните европски земји, ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи, рече на денешната прес-конференција Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање.

Ако и овој попис пропадне, додаде тој, а се одвива без консултација со опозицијата, како и досега целосната вина ќе биде единствено на власта.

Треба да знаете
Последни објави