Додека еден од најдобрите фудбалери на денешницата Кристијано Роналдо настапувал за Португалија на пријателскиот фудбалски натпревар со соодветната селекција на Шпанија во Лисабон (0:0), крадец влегол во домот во Фуншал.
Арамијата успеал да влезе во куќата преку гаражата и да одземе скапоцени работи кои му припаѓале на Роналдо. Веднаш била покрената истрага за кражбата и според полициски извори крадецот бил идентификуван, но не и уапсен.
Куќата на Роналдо во Фуншал има седум ката и во неа живеат неговата мајка Долорес и постариот брат Хуго. Не е познато дали во моментот на грабежот тие биле во куќата.