Соопштение за јавност – реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски
Наместо лицемерна загриженост и лаги, Христијан Мицкоски треба да си поднесе оставка затоа што од почетокот на кризата па до денеска се однесува деструктивно, незрело, неодговорно и го загрозува здравјето на граѓаните.
Мицкоски одеше во фитнес центри и во затворени делови на кафани, при тоа невешто вадејќи се дека не бил запознаен со протоколите кои патем секојдневно ги критикуваше.
Мицкоски ширеше лажни вести дека немало доволно тестови и ја поткопуваше работата на здравствените институции.
Неговите министри во техничката влада дозволија кршење на мерките а ги блокираа и средствата ос Светска банка за здравството.
Исплашен за својата фотелја губитникот Мицкоски организира собири на кои масовно се прекршуваат мерките и забраните за заштита од коронавирусот.
Додека претседателот Зоран Заев од НАТО носи 60 респиратори и медицинска опрема вредна 1,4 милиони евра, Мицкоски организира настани кои се закана по јавното здравје.
Граѓаните гледаат, СДСМ се грижи за здравјето на граѓаните, Мицкоски го загрозува и ја поткопува борбата против коронавирусот.