Шахпаска се сретна со родителите  и здруженијата на деца/лица со попреченост

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба  со родителите и здруженијата  за деца/лица со попреченост во однос на барањата кои беа доставени до сите учесници во пред изборниот процес.  За овие барања беше потпишана изјава за давање согласност за промена на законски и подзаконски акти кои се однесуваат на оваа целна група, а е со цел нивно вклучување во општеството и подобрување на нивниот живот и здравје.

На средбата беа разгледани детално сите поединечни барања на здруженијата и родителите за кои е дадена согласност во изјавата и се утврди временски рок и начин на реализација на истите.

Министерката Шахпаска се заложи за реализација на нивните барања и подигнување на заштитата на правата на повисоко ниво како и обезбедување на  социјални услуги во локалните заедници.

Таа воедно отворено ги покани на активно учество во работните групи за реализација на нивните барања кои се составен дел од потпишаната изјава.

Двете страни изразија подготвеност на понатамошна соработка со цел унапредување на правата на децата/лицата со попреченост.

 

Треба да знаете
Последни објави