Најдобриот тенисер на денешницата Новак Ѓоковиќ ќе се бори за финале на Ролан Гарос против Стефанос Циципас.
Денесја во јавноста се појавија шпекулации дека српскиот ас пак има проблем со вратот, па не го одржа последниот тренинг во пресрет на мечот. Медиумите шпекулираат дека можеби се работи за последици од болките кои првиот светски рекет ги чувствуваше во вратот и раката на дуелот со Пабло Карено Буста. На стартот од четвртфиналето, Ѓоковиќ побара медицински тајм-аут, па се верува дека тоа е причината за оваа негова одлука.
Спеак, како што дознаваат „Новости“, Ѓоковиќ во последен момент се префрлил во комплексот „Жан Буен“ каде се одржуваат тренинзи, но годинава без присуство на новинарите.
17-кратниот Грен слем шампион посакува продолжение на фантастичната серија во тековната сезона. Досега победи на сите натпревари, освен на оној на УС Опен на кој заработи дисквалификација поради ударот со топче кон линискиот судија.