Две медицински сестри го урнале на суд вработувањето на шестте колешки во Битола

Министерството за здравство во врска со отпуштените шест медицински сестри поради судски спор, како што денеска објави Плусинфо, вели дека Здравствениот дом во Битола објавил конкурс во 2018 година, на кој две медицински сестри, кои не биле примени, тужеле и го добиле случајот на Апелацискиот суд, објави „Плусинфо’.

Во моментов по основ на предметот треба да одлучи Врховниот суд, вели Министерсвото за здравство во одговор на прашање на Плусинфо, а со оглед на тоа што станува збор за извршна судска одлука, Здравствениот дом во Битола бил должен да ја спроведе, иако има потреба од медицински кадар.

„Овие 6 медицински сестри не се избркани – станува збор за судски спор по кој треба да се реши нивниот статус. Директорката вели дека има добиено автентично толкување од законодавниот дом, а во моментов има доставено барање за ревизија на предметот до Врховниот суд и чека на одговор, вели Министерството за здравство.

Како што претходно објави Плусифно, шестте медицински сестри во Здравствениот дом во Битола, меѓу кои и трудница во патолошка бременост се отпуштени од работа, летоска среде пандемија. Скандалот се случува кога Македонија бележи рекордни бројки на заразени од коронавирусот и спротивно на потребите за битолската здравствена установа која била должна да ја спроведе судската пресуда, по тужбата на медицинските сестри кои не биле примени на работа на конкурсот пред две години.

Треба да знаете
Последни објави