Спасовски: Ако исклучок за неносење маска е спортувањето тоа треба да важи само за професионалните спортисти

Министерот за внатрешни работи во денешното гостување во Дневникот на Сител рече исклучок за неносење маски треба да бидат само професионалните спортисти.

-Се знае исклучокот ако е за спортување во кој обем треба тоа да го направиме – само за оние кои што се професионални спортисти, на кои спортувањето односно тренингот им е секојдневен. Додека за сите останати треба да важи носењето на заштитните маски поради тоа што се покажува низ податоци кои се прибираат не само кај нас, туку и во светот дека заштитата со носењето на маски е поголема отколку движењето без маска. Се загрозува личното здравје, но и здравјето на другите, а дополнително и ширењето на болеста добива на замав, рече Спасовски.

Вели дека од здравствен аспект ќе има сериозни аргументи зошто се донесени.

-Јас сум приврзаник за тоа да направиме мерки кои што превентивно ќе делуваат подобро отколку да одиме на потешки рестрикции во државата, рече Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави