Репрезентацијата на Грузија дојде на чекор од историски пласман на Европското првенство во фудбал, откако вечерва на свој терен ја надигра и совлада Белорусија со 1-0 во дуел од полуфиналето во Лигата Д од Лигата на нации. Стрелец на голот беше Торнике Окријашвили од пенал уште во седмата минута.
Грузијците беа многу подобар тим, гостите не упатија ниту еден шут во рамките на голот, па домашните можеа да победат и поубедливо ако ги реализираа шансите.
Ова значи дека Македонија ако го совлада Косово вечерва во Скопје, на 12-ти ноември во Тбилиси ќе треба да го визира својот пласман на ЕП во меч кој ќе биде историски и за нас и за Грузијците. Репрезентацијата на Македонија неодамна гостуваше кај Грузија, поточно на 8 септември во новата сезона пд Лигата на нации, и резултатот беше 1-1.