Ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ влезе како замена и ги постигна двата гола за Србија да стигне до 2:1 победа кај Норвешка и да се пласира во финалниот бараж за пласман на Евро 2021, против Шкотска, која на пенали го мина Израел.
Милинковиќ-Савиќ, кој честопати беше критикуван за своите настапи за репрезентацијата, влезе во игра како замена во 80-тата минута од мечот при 0:0, и само две минути подоцна се запиша во листата на стрелците. Норвежаните во 88. минута израмнија преку Норман, а во продолженијата, популарниот СМС постигна еден навистина неверојатен гол за продолжување на сонот за Евро 2021.
За пласман на Евро 2021 од „патеката“ А ќе се борат Унгарија и Исланд по убедливите победи. Унгарците успеаја со 3:1 да слават на гости кај Бугарија, додека Исланѓаните со 2:1 ја совладаа Романија дома. Во аут се и Босна и Херцеговина, која загуби на пенали од Северна Ирска откако по 120 минути беше 1:1.
https://twitter.com/TheFS_Live/status/1314307918766931968?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1314307918766931968%7Ctwgr%5Eshare_3&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.novosti.rs%2Fsport%2Ffudbal%2F924288%2Fbravo-srbijo-orlovi-slavili-oslu-sergej-majstorijom-presudio-norveskoj-video
БАРАЖ ЗА ЕП 2021, ПОЛУФИНАЛЕ
ПАТЕКА А
Бугарија – Унгарија 1:3
Исланд – Романија 2:1
ПАТЕКА Б
Босна и Херцеговина – Северна Ирска 1:1, 3:4 пенали
Словачка – Ирска 0:0, 4:2 пенали
ПАТЕКА Ц
Норвешка – Србија 1:1, 1:2 по продолженија
Шкотска – Израел 0:0, 5:3 пенали
ПАТЕКА Д
МАКЕДОНИЈА – Косово 2:1
Грузија – Белорусија 1:0