Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе се вклучи во акцијата за донирање во Општина Гази Баба по повод месецот на хуманоста.
„Месец на хуманост – Гази Баба се грижи” е името на хуманитарната акција што на втори октомври ја почна Општина Гази Баба. Оваа акција опфаќа донирање храна, облека и мебел за лицата од ранливи категории. Ќе има и еко акции за чистење на неколку локации во општината и други активности.