Стефан Ристовски од редовите на португалскиот Спортинг Лисабон беше креаторот на првиот погодок за Македонија на дуелот од полуфиналето во фудбалската Лига на нации против Косово во Скопје (2:1). Неговиот непредвидлив удар со помош на гостинскиот играч Бењамин Кололи заврши во гостинската мрежа и го најави очекуваниот триумф.
Средбата се одигра пред празни трибини поради пандемијата предизвикана од корона вирусот, но тоа не беше причин по мечот македонските репрезентативци, но и љубителите на фудбалот по мечот секој на свој начин да ја прослави победата кој ги одведе „црвено-жолтите“ на чекор од историски пласман на ЕП-2020, кое е поместено да се игра идната година и ќе се одржи во 12 европски градови.
До новиот дуел имаат доволно време за анализа на противникот како ремите да се преточи во победа, а веднаш по дуелот со Косово играчите заслужија емотивно опуштање, кое Ристовски го направи со тапан во рацете, демонстрираќи добра санодливост и со музички инструменти. Ова не остана незабележано на социјалните мрежи и од неговиот поранешен соиграч Бруно Фернандеш, сега член на англискиот Манчестер јунајтед.
https://twitter.com/i/status/1314333758162644992