Македонија е на еден чекор од историски пласман на завршницата од фудбалското ЕП-2020, откако во полуфиналето од Лигата на нации го совлада Косово (2-1). Завршниот чекор за македонските репрезентативци преостанува да го направат на 12 ноември во Тбилиси против Грузија, со која во новото издание од ова натпреаврување во септември ремизиравме на гости (1:1), а веќе на 14 октомври в четврток во Скопје ќе играат реванш за разоткривање на потенцијалот на противникот. Селекторот на македонскиот државен тим Игор Ангеловски-Мрмне е свесен дека работата сеуште не е завршена.
-Се израдувавме на победата над Косово, но тој натпревар е веќе минатао. Еуфорија не е потребна бидејќи работата се уште не е завршена. Не очекува најзначајниот меч против Грузија на 12 ноември, но прво мора да одработим два натпевари од новото издание на Лигата на нации. Цел ни е првото место во групата 2 од сегментот Ц. Сега мислите ги насочуваме кон Естонија. Важно ни е да ги освоиме бодови од ова гостување, а потоа играме со Грузија. Одиме чекор по чекор, вели Ангеловски.
Македонија и гостува на Естонија на 11. октомври во Талин, а потоа ја пречекуваме Грузија на 14. октомври во Скопје во предигра на финалето кое ќе се игра на 12. ноември на „Динамо арената“ во Тбилиси.