Се одиграа првите три натпреаври од квалификациите за Светското фудбалско првенство во јужноамериканската зона. Аргентина предводена од Лионел Меси стартуваше победнички против Еквадор (1:0). Победникот на натпреварот го реши Меси со гол од пенал. Капитенот на „гаучосите“ беше прецизен во 13. минута.
И Уругвај ја искористи предноста на домашниот терен прптив Чиле (2:1). Во Монтевидео победникот беше решен во судиското надополнување. Домаќините имаа водство со голот на Луис Суарез од пенал, а за гостите погоди Алексис Санчез, по што во последните моменти Максимилијано Гомез донесе три бода за Уругвај.
Парагвај и Перу ремизираа (2:2). Поведоа Перуанците, па Парагвајците направија комплетен пресврт, за на крајот Перу да стигне до израмнување. По два гола за двете селекции постигнаа Анхел Ромеро и Андре Кариљо.
Вечерва после полноќ 1. коло ќе го комплетираат Колумбија – Венецуела и Бразил – Боливија.