Трет ден по ред Бугарија бележи рекорден број на новозаразени од коронавирус

Трет последователен ден  Бугарија има рекорден број на новозаразени од коронавирусот. Властите информираат дека во последните 24 часа во државата од Ковид-19 се заразиле нови 516 лица, додека седумина ја загубиле борбата со смртоносниот вирус.
Активни случаи се 6.816, а бројот на хоспитализирани лица постојано расте и достигна до 1.063 лица кои се лекуваат во болниците низ земјата, од кои 56 се во единиците за интензивна нега.

Најголем број на новозаразени лица има во главниот град Софија – 138, а на второ место е Пловдив со 51 нов случај на коронавирус.

Од почетокот на пандемијата, 23.259 лица биле заразени со Ковид-19 во Бугарија. Од нив 15.563 се излекувани, а 880 починале.

Треба да знаете
Последни објави