Рекордни 386 заболени и шестмина починати од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 2.267 тестирања, а регистрирани се 386 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-178, Куманово-18, Дебар-1, Штип-8, Прилеп-20, Тетово-13, Струга-9, Велес-5, Битола-13, Охрид-7, Кавадарци-3, Гостивар-4, Гевгелија-18, Струмица-44, Крива Паланка-7, Радовиш-4, Кочани-10,  Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-7, Валандово-3, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-3, Кичево-4, Неготино-2. Во болнички услови починати се шест пациенти од кои двајца од Скопје (67 г. и 67 г.), еден од Тетово (72 г.), еден од Битола (44 г.), еден од Струга (62 г.) и еден од Свети Николе (81 г.).

Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти од: Скопје-61, Куманово-23, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-9, Тетово-5, Струга-2, Велес-5, Битола-6, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-15, Крива Паланка-2, Радовиш—2, Кочани-1, Пробиштип-2, Берово-4, Делчево-1, Свети Николе-3, Кичево-5, соопшти Министерството за здравство.

Вкупната број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 20.163, бројката на оздравени пациенти е 16.009, на починати е 781, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.373. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 8.088, активни 1.432

• Куманово 1.854, активни 162

• Дебар 292, активни 34

• Штип 1.327, активни 92

• Прилеп 773, активни 144

• Тетово 1.549, активни 188

• Струга 708, активни 51

• Велес 357, активни 36

• Битола 367, активни 90

• Охрид 454, активни 42

• Кавадарци 263, активни 47

• Гостивар 967, активни 72

• Гевгелија 178, активни 78 (11 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 27 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 394, активни 232

• Крива Паланка 142, активни 45

• Радовиш 122, активни 47

• Крушево 20, активни 1

• Кочани 475, активни 207

• Пробиштип 123, активни 18

• Демир Хисар 62, активни 2

• Македонски Брод 95, активни 2

• Пехчево 46, активни 3

• Берово 139, активни 53

• Валандово 60, активни 45

• Виница 130, активни 40

• Делчево 180, активни 89 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 26, активни 2

• Свети Николе 394, активни 65

• Кичево 347, активни 30

• Ресен 167, активни 8

• Неготино 64, активни 16 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2.267 теста се преку: ИЈЗ-493, ЦЈЗ Скопје-73, Авицена-515,  Биотек-277, МАНУ -143, Жан Митрев (Филип Втори)-424, Систина со PCR метода -148, лабораторија Лаор –32, Судска медицина-16, ЦЈЗ Битола-89, Инфективна клиника-10, ГАК-16, Синлаб-31. Досега во земјата се направени вкупно 203.779 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се осум пациенти. Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти од кои на кислородна поддршка се 49 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се три деца и три мајки позитивни на Ковид-19, а хоспитализирани се пет деца и пет мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември” примени се пет пациенти. Вкупно хоспитализирани се 42 пациенти од кои на респиратор се пет пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 21, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 212, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 73

• Гази Баба – 147

• Аеродром – 257

• Карпош – 242

• Центар – 265

• Кисела Вода – 157

• Ѓорче Петров – 118

• Бутел – 56

• Шуто Оризари – 13

• Студеничани – 2

• Сарај – 16

• Арачиново – 4

• Илинден – 31

• Сопиште – 4

• Чучер Сандево – 2

• Петровец – 9

• Зелениково – 4

• Странец – 10

• Нераспределен – 22.

Треба да знаете
Последни објави