Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и заменик министерот Енвер Хусејин, денес остварија средба со Халим Омер Согут – Програмски координатор на Турската агенција за соработка и координација ТИКА. На задоволство на двете страни на средбата се зборуваше за поддршката којашто ТИКА ја овозможува за Република Северна Македонија преку соработка со надлежните државни институции во над 1.000 проекти, во области како што се образованието, здравството, заштита на културното наследство и проекти.
Во оваа смисла, МТСП и ТИКА изразија подготвеност за заедничка соработка, особено во овој период кога светот и нашата држава се соочува со пандемијата и последиците од КОВИД 19 и кога во многу сегменти во социјалната сфера е потребна помош со која директно ќе се одговори на потребите на нашите граѓани.
Таков еден проект ќе се реализира во периодот што следува, во форма на донација на дезинфициенси и бесконтактни термометри за тело за Центрите за ран детски развој. Од страна на министерката Шахпаска беше изразена благодарност за севкупниот досегашен ангажман на ТИКА за Република Северна Македонија и двете страни изразија надеж за уште многу заеднички проекти и размена на заеднички искуства и во иднина.