Надал е првиот финалист на Ролан Гарос

Рафаел Надал по рекорден 13-ти пат ќе учествува во финалето од францускиот грен слен турнир Ролан Гарос. Шпанецот билетот за финалето го чекираше со лесен триумф во три сетови (6-3, 6-3, 7-6) над Артентинецот Себастијан Диего Шварцман.

Надал отпорот на Шварцман во првиот сет го скрши на стартот поведувајќи со 2-0. Потоа се беше полесно за Надал кој рутински го спроведе сетот до 6-3 за водство. Во вториот сет, Надал освои гемови на противнички сервис на почетокот и крајот и поведе со 2-0. Шварцман најголем отпор пружи во третиот сет кога стигна до тај брејк. Надал во тај брејко одиграа маестрално и со 7-0 го освои сетот за конечна победа.

Надал во финалето ќе се бори за 13-та титула на францускиот грен слем турнир. Противник ќе му биде подобриот од вториот полуфинален натпревар во кој ќе се сретнат Новак Ѓоковиќ – Стефанос Циципас.

Треба да знаете
Последни објави