Министерството за одбрана на Кина соопшти дека разорувач на американската морнарица „Џон Мекејн” вплови во водите во близина на спорните Парцелиски Острови во Јужно Кинеско Море, што се под контрола на Пекинг.
– Бараме САД веднаш да претстанат со таквите провокативни акции и строго да ги контролираат и да ги намалат воените операции на море и во воздух, напиша портпаролот на кинеската армија на социјалната мрежа Вичет.
Тој предупреди дека „Пекинг ќе ги преземе сите неопходни мерки за одлучно да го одбрани националниот суверенитет и безбедност и да одржи мир и стабилност во Јужно Кинеско Море”.
Парцелски Острови се геополитички важни и со децении се предмет на спорот помеѓу Кина и Виетнам.