Минитерот за здравство, Венко Филипче за вестите на Канал 5 и во интервјуто за „360степени“ на АлсатМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ што досега не се изградени мобилните болници за пациенти со Ковид 19.
За него обвинувањата од страна на опозицијата дека не ја менаџираат кризата како што треба е само обид политички да поентираат и немаат никаков аналитички концепт, ниту пак намера нешто добро или квалитетно да препорачаат.
-Да сакаа да помогнат тие ако ништо друго ќе го потпишеа заемот. Дополнителната заменичка министерка за финансии не го потпиша заемот кој беше помош за нашиот здравствен систем. 35 милиони евра од Светската банка. Тоа е кредит што од почетокот на кризата го добија 100 земји во светот. Да го потпишеше тогаш опозицијата во техничката влада сега мобилните ковид центри ќе беа инсталирани насекаде во државата. Апсолутно сметам дека станува збор за крајно несериозен пристап. За потценување на целата оваа борба, за поигрување на здравјето на граѓаните. Впрочем никогаш немале сериозен однос кон здравствениот систем, рече Филипче.