Жапаров: Русија останува главниот стратешки партнер на Киргистан

Русија ќе остане главниот стратешки партнер на Киргистан, навести новоизбраниот премиер на оваа централноазиска држава, Садир Жапаров.

Запрашан за изгледите за соработка меѓу двете земји Жапаров рече дека Русија е стратешки партнер на Киргистан и дека така и ќе остане, пренесе Tасс.

Киргистанскиот Парламент денеска го избра Садир Жапаров за нов премиер на земјата, надминувајќи го политичкиот вакуум во политички нестабилната земја, која е зафатена од бран немири по парламентарните избори од 4  октомври.

Новиот премиер веднаш по изборот соопшти дека нема намера да го менува составот на новата влада, нема да учествува на претстојните парламентарни избори и нема да ги прогонува неговите политички противници.

Треба да знаете
Последни објави