Словенија со заострени мерки за патниците од европските земји

Словенечката влада донесе одлука за заострување на режимот за патници од европските земји, поради секојдневниот пораст на бројот на новозаболени од „Ковид-19“, па од утре шест европски земји ќе бидат избришани од зелената листа, додека во Словенија ќе можат без ограничувања да влезат само патници од Србија, Австралија, Нов Зеланд и Уругвај.

Црвената листа е значително проширена, така што отсега на неa се наоѓаат Белгија, Чешка, Исланд, Луксембург и Шпанија, додека за патниците од Хрватска и Австрија ќе се применува малку поблаг режим.

Италија останува на портокаловата листа до ново известување, што значи дека патниците од Италија и земјите од црвената листа ќе мора да бидат ставени во карантин.

БиХ сè уште е на црвената листа, односно се применува задолжителен карантин, освен за оние со негативен тест за коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави