По повод 11 Октомври „Денот на народното востание” партиска делегација на СДСМ во состав Коста Петров потпретседател на СДСМ и Марија Георгиевска претседателка на ОО СДСМ Карпош и пратеничка во Собранието на Република Северна Македонија Марија Георгиевскa оддаде почит и положи свежо цвеќе на споменикот Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата на Република Северна Македонија.
Во Куманово, делегација на СДСМ во состав Мартин Костовски, претседател на ОО СДСМ Куманово и пратеник во Собрнаието на Република Северна Македонија и Трајан Димковски, член на ЦО на СДСМ оддаде почит и положи свежо цвеќе на Спомен Костурницата во Куманово.
Во Прилеп, делегација на СДСМ во состав, Миле Талески, претседател на ОО СДСМ Прилеп и пратеник во Собрнаието на Република Северна Македонија и Ивона Кузмановиќ, советничка од редовите на СДСМ во Советот на Општина Прилеп оддаде почит и положи свежо цвеќе на Могилата на непобедените.