Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.648 тестирања, а регистрирани се 383 нови случаи на ковид-19, односно 10 помалку од вчерашната рекордна бројка. Најголем број од нив се во Скопје – 201 нов случај. Куманово-11, Штип-21, Прилеп-20, Тетово-8, Струга-5, Велес-9, Битола-12, Охрид-4, Кавадарци-7, Гостивар-6, Гевгелија-8, Струмица-20, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Кочани-7, Пробиштип-3, Берово-5, Валандово-4, Виница-1, Делчево-4, Свети Николе-5, Кичево-4, Ресен-2, Неготино-3.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти од: Скопје-43, Куманово-6, Штип-3, Тетово-10, Битола-2, Охрид-2, Кавадарци-1, Гевгелија-3, Струмица-1, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Кочани-8, Берово-2, Валандово-3, Свети Николе-2 и Кичево-2.
Во болнички услови починати се седум лица, пациенти од Куманово (63 г.), Тетово (69 г.), Гевгелија (67 г.), Скопје (51 г.), Кавадарци (60 г.) и двајца пациенти од Битола (60 и 79 г.).
Вкупната бројка на ковид-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 20.937, бројката на оздравени пациенти е 16.194, на починати е 792, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.951.
Најголемиот број од активните случаи, се во Скопје – 1.743 пациенти. По општини, рекордери се Центар со 316 случаи и Аеродром со 311 случаи. Следува Карпош со 301 случај, а потоа е Кисела Вода, со 2018 случаи. Чаир има 92 случаи, Гази Баба 168, Ѓорче Петров 149, Бутел – 67, Шуто Оризари 15, Студеничани 3, Сарај 16, Арачиново 4, Илинден 31, Сопиште 9, Чучер Сандево 6, Петровец 7, Зелениково 3. Странци се 14 од активните случаи, а нераспределени се 23.