Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 37.588.109 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.078.984 пациенти, а оздравеле 28.187.903 луѓе.

Во Србија во изминатите 24 часа регистрирани се 102 нови случаи, со што вкупниот број на инфицирани изнесува 34.787 луѓе. Од последици од новиот коронавирус почина едно лице, со што бројката на смртни случаи се искачи на 763.

За еден ден во Црна Гора пријавени се 228 новозаболени лица со Ковид-19 и четири смртни случаи. Од почетокот на епидемијата во Црна Гора починале 202 лица.

Во Хрватска во изминатото деноноќие регистрани се 508 новозаболени, а бројот на активни случаи сега е 2.818. Хоспитализирани се 384 лица, од кои 26 на респиратор. Од последици од Ковид-19 починале седум луѓе.

За еден ден во Словенија пријавени се 411 новозаразени луѓе со Ковд-19, а 21 лице е на интензивна нега. Во земјата во моментот има повеќеод 300 активни случаи. Од почетокот на епидемијата во Словенија починаа 167 луѓе.

Во Бугарија во изминатото деноноќие регистрани се 448 новозаболени со Ковид-19, со што вкупната бројка на заболени изнесува 24.319, од кои 7.610 активни случаи. Од последици од новиот коронавирус починаа четворица пациенти, со што вкупнбиот број на смртни случаи се искачи на 891.

Во Романија за еден ден пријавени се 2.880 новозаболени,што е рекорден број на дневно ниво, а од последици од Ковид-19 починале 53 пациенти, со што вкупниот број на смртни случаи се искачи на 5.411.

Во Унгарија во изминатите 24 часа регистрирани се 1.068 новозаболени и 21 смртен случај. Во земјата има 25.862 активни случаи. Во Унгарија досега со новиот коронавирус се инфицирале 37.664 луѓе, апочинале 954.

САД и понатаму се на прво место по бројот на заразени и починати лица. За еден ден пријавени се 12.490 новозаболени, со што вкупната бројка се искачи на 7.957.995 инфицирани луѓе. Во изминатите 24 часа регистрирани се 61 смртен случај, со што вкупната цифра на починати од последици од новиот коронавирус изнесува 219.343, а вкупно оздравеле 5.093.576 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави