Лидија Димова, директорката на Националната агенција, е во фокусот на вниманието откако беше откриено дека биле дадени 270.000 евра еворпски пари на еден фризерски салон од програмата „Еразмус2“.
Димова во четвртокот беше гостин во ТВ21 каде што дебатираше во „Клик Плус“ со Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ. Таа рече дека за скандалите со европски пари, виновни биле од опозицијата.
„Јас немав контола во Агенцијата затоа што таму имаше вмровска матрица внатре којашто одбива да работи, меѓудругото тоа се случува и сега затоа што 2/3 од луѓето се отсутни од Агенцијата. ВМРО-ДПМНЕ е виновна затоа што фалат 2,2 милиони евра“, рече Димова.
Повеќе на ТВ21