Четири клучни грешки на Трамп и Белата куќа

Откако американскиот претседател Доналд Трамп се зарази со коронавирус, се постави прашањето кои се клучните правила кои ги прекршила Белата куќа за спречување на ширењето на Ковид-19.

Би Би Си ги следеше мерките и препораките на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) и начинот на кој ги следела Белата куќа.

Носење заштитна маска
Едно од основните правила за кое веќе половина година зборува светската јавност е носење заштитни маски, посебно на јавни места, односно во близина на други луѓе. Ова е воедно и прво правило кое не го испочитувале белата куќа и администрацијата на Трамп. Американскиот претседател е критикуван повеќе пати поради непочитување на правилото за носење маска, а на една прослава во Белата куќа речиси никој од присутните не носел маска.
Физичка дистанца
ЦДЦ соопшти дека организаторите на настани мораат да им овозможат на присутните да држат дистанца од два метра, а собирите да се одржуваат на отворен простор. Белата куќа го прекршила ова правило при неодамнешната свеченост за именување на судијката на Врховниот суд на САД, Ејми Конеј Барет. Настанот се смета за жариште за ширење на Ковид-19 во администрацијата на Трамп, имајќи предвид дека повеќето од присутните не држеле растојание и не носеле маска. На прославата присуствувале повеќе од 50 лица.
Не само што Белата куќа организирала масовни собирања на отворен простор, туку гостите и членовите на администрацијата на Трамп, но и самиот претседател, се собирале внатре во службената резиденција. Фотографиите кои се шират низ интернет покажуваат дека никој во Белата куќа не ги почитува мерките за дистанцирање и носење заштитна маска.
Самоизолација
Доколку сте позитивни на коронавирус, препораката на ЦДЦ и епидемиолозите во светот е да се самоизолирате и одвоите од останатите луѓе. Сепак, ниту тоа правило не важи за Трамп. Додека беше на болничко лекување ја напушти собата за да се повози малку. Со тоа ги изложи на опасност десетици луѓе од заразување со Ковид-19.
Следење на контакти
ЦДЦ предупредува дека луѓето кои се заразени мораат да ги информираат сите оние со кои биле во близок контакт, за да може на време да се спречи ширењето на заразата. Не е сосема јасно колку блиску биле Трамп и неговиот противкандидат Џо Бајден за време на предизборната дебата, но тимот на Бајден, ниту тој лично, не се информирани за дијагнозата на Трамп. Никој од Белата куќа, исто така, не го известил персоналот со кои заразените членови на администрацијата на Трамп биле во контакт.
Треба да знаете
Последни објави