Бебе од два месеци болно од ковид 19. Бебето е од Битола кое според податоците од Министерството за здравство се заразило од близок член во семејството, поточно од неговата баба која живее во друг град. Од потесното семејство на бебето, мајката е исто така позитивна на ковид-19.Во моментов бебето е со лесна клиничка слика и под надзор на матичниот педијатар. Ова бебе е еден месец помало од тримесечното кое со коронавирус се зарази на крајот на август и успеа да ја победи болеста. Од ковид-19 според здравствената евиденција се имаат разболено и неколкумина деца, но вирусот го поминале без поголеми проблеми. Кај тригодишно дете болеста е уште во тек.