Во с.Трубарево, скопско, вчера во 12.30 часот се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „БМВ”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(72) од Скопје, малолетен пешак од с.Трубарево и мотор „Баутијан”, управуван од И.Ќ.(40) од с.Долно Лисиче, скопско, кој починал на местото на незгодата.
Д.Д. и малолетниот пешак се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза”, каде кај малолетниот пешак биле констатирани тешки телесни повреди, а кај Д.Д. телесна повреда.
Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот мотоциклист ќе биде предадено за обдукција.