ВМРО-ДПМНЕ: СДС увезуваше струја по милион евра дневно, а зимата е со пролетни температури-катастрофална политика

Соопштение до јавноста – реакција на соопштение од СДСМ

-СДС после потрошени 240 милиони евра буџетски пари во 2022 година за ЕЛЕМ, после бројните испади и дефекти во историјата на електро енергетскиот систем, после рекордно украдените народни пари преку тендери во 4 очи, после пресушувањето на хидроакумулациите, се појавува на прес конференции и ја убедува јавноста дека продавале ноќни вишоци.

Тоа е лицемерието и неспособноста на кадрите на СДС на дело.

Да потрошиш 240 милиони евра за покривање на криминалот и неспособноста на менаџерскиот тим во ЕЛЕМ е факт од кој треба да се срамат а не да се фалат.

Да се фалиш, а си трошел по милион евра за увоз на струја на дневна основа, кога температурите се пролетни исто така е срамење.

СДС го претвори ЕЛЕМ во загубар и во нивно време се случи рекордно најниското ниво на домашно производство на електрична енергија. Тоа се фактите од кои СДС не може да побегне.

Треба да знаете
Последни објави