Во рамки на отворениот ридско брзински шампионат на соседно Косово, а на покана на Автомобилистичката федерација на Косово и на организаторите на натпреварот кој се одржа овој викенд 10 и 11 октомври, учество зедоа двајца натпреварувачи од АКК Скопје од нашата земја.
Свој одличен настап овој спортски викенд имаа Антонио Момировски со возило Yugo во класата E1, до 1.600 cm кубни и Даниел Симич со возило Opel Corsa во класа E1, 2000+ cm кубни, од АКК Скопје.
– Се надеваме дека оваа одлична соработка ќе продолжиме да ја практикуваме во претстојниот период и преку взаемно учество во автомобилистичките шампионати на двете земји ќе продолжиме да го промовираме автомобилскиот спорт и негуваме спортскиот дух, велат од АКК Скопје.