Димовa набавила и два автомобили вредни близу 90 илјади евра

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова во 2108 година набавила два луксузни автомобили во вредност од околу 90 илјади евра. За потребите на агенцијата набавила автомобили од марката Фолксваген Пасат и Фолсвакен Тигуан во вредност од 45,327 евра, односно 43.576 илјади евра, со што вкупната сума на истите достигнува 88.903 илјади евра.

Контрадикторно е тоа што додека СДСМ беше во опозиција овие функционери како Димова силно негодуваа и протестираа против секој вид на набавка. Откако се сместија во удобните фотељи, истите тие функционери заборавија на сиромаштија и на ветувања и веднаш се одадоа во луксузирање, таков е овој случај со Димова.

Инаку, изминатите денови во јавноста излезе информацијата за скандалот во кој Димова на фризерница од Ново Лисиче и додели грант од околу 270 илјади евра пари на европските даночни обврзници. Инаку, за скандалот со фризерницата вчера обвинија и од ВМРО-ДПМНЕ, притоа откривајќи дека директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова со сопственикот на фризерницата биле во пријателски односи.

 

Треба да знаете
Последни објави