ЈП „Водовод и канализација” известува дека прекинато водоснабдување попладнево ќе имаат корисници на дел од населбата 11 Октомври, поради скината цевка на ул. „Борис Трајковски” бб , спроти Расадникот во населба Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 15:50 часот до санирање на дефектот.