Тинејџерка од Струмица почина од струен удар

Трагедија се случила во струмичко село, млада девојка починала од струен удар.

Во полицијата вчера било пријавено дека со Итна медицинска помош била донесена Е.Б.(18) од село Баница, која била почината од струен удар, информирала портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

По пријавувањето на настанот била формирана увидна екипа од СВР Струмица и заедно со јавен обвинител од ОЈО Струмица е извршен увид на местото на настанот.

Нема повеќе детали како точно се случила несреќата.

Треба да знаете
Последни објави