За државата поголем срам од шпекулациите за злоупотреба на европските пари е кога би биле вистина

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров на Фејсбук напиша дека итно е потребно расчистување на случајот со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

„Ги читам вечерва новите информации во серијалот новинарски истражувања околу состојбите во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Впечатокот е загрижувачки. Итно е потребно целосно расчистување на овој случај. Мора да се истражат сите наоди и да се открие целата слика, оти за државата само едно нешто е поголем срам од шпекулации за наводна злоупотреба на пари на европските даночни обврзници – а тоа е кога во тие сомнежи би имало вистина“, посочи Димитров.

https://www.facebook.com/dimitrovnikola/posts/10164321080755451

Треба да знаете
Последни објави