Легендата на југословенскиот фудбал, Драган Стојковиќ Пикси, воопшто не се сомнева во пласманот на Србија на Евро. Тој за британскиот „Дејли рекорд“ рече дека за Србија има место меѓу најдобрите, откако во полуфиналето на Лигата на нациите ја победи Норвешка. Србија во финалето ќе игра со Шкотска, и по евентуален триумф ќе обезбеди место на ЕП во Англија, каде ќе биде во група со домаќинот но и со Хрватска и Чешка.
– Па, ќе ги прегазиме Шкотланѓаните, а потоа нека ни дојдат и тие Хрватите. Ние не сме биле на ЕП од 2000 година, што секако е премногу за нас. Требаше да ги победиме Норвежаните со пет гола предност! Тактички бевме многу добри, а збореа дека Норвешка со Халанд и Одегард треба лесно да нè добие, вели Пикси.
Поранешниот југословенски репрезентативец смета дека Шкотланѓаните ќе бидат многу полесен противник во Белград отколку Норвешка во Осло.
– Тренерот Тумбаковиќ брилијантно ги подготви момците. Тој ги почитува Шкотите, така ќе биде и во ноември, но ајде да признаеме и да кажеме – подобри сме од нив. Ако играме како во Осло, ќе ги масакрираме Шкотите, рече Пикси.
Scotland sent Serbia 'slaughter' warning as Dragan Stojkovic talks up bitter grudge matchhttps://t.co/JXLba2B9ar pic.twitter.com/zxaF45lJsV
— Daily Record Sport (@Record_Sport) October 11, 2020