Ќерката на Кејт Мос, Лила дебитира на модната писта

Манекенството е очигледно во крвта.

Кога вашата мајка е една од најпознатите супермодели на сите времиња, произлегува дека и вие би можеле да прошетате во модната индустрија. А, 18-годишната Лила Мос сигурно ги има гените на Кејт, и таа штотуку го имаше своето деби на модната писта на ревијата Miu Miu SS21.

Откако се запиша во истоимената модна агенција на нејзината мајка „Кејт Мос“, Лила сериозно зачекори во светот на манекенството. И покрај својата рана младост, таа веќе ја краси насловната страница на Vogue ItalyV MagazineDazed (нејзиниот татко Xeферсон Хак е ко-основач и главен уредник на Dazed Media), а исто така, се појавува и во кампањите за убавина на Марк Џејкобс и Миу Миу.

И сосема очекувано, Миуција Прада ја одбра тинејџерката со срнести очи да ја отвори својата дигитална ревија на „Модната недела“ во Париз, што беше стримувана преку видео запис за љубителите на модата.

Треба да знаете
Последни објави