Меѓународниот центар за спортски истражувања (ЦИЕС) претстави рангирање на фудбалските клубови од најдобрите пет лиги во Европа, кои потрошиле најмногу пари за формирање на сегашните состави на тимовите.
На чело на списокот е англискиот премиерлигаш Манчестер сити. „Граѓаните“ беа единствениот клуб кој потроши над милијарда евра.
Во трите најдарежливи екипи беа и францускиот ПСЖ и англискиот Манчестер јунајтед.
Екипи од ТОП 5 европски лиги со најмногу потрошени средства за актуелниот состав:
1. Манчестер сити (Англија) – 1,036 милијарди евра
2. ПСЖ (Франција) – 888 милиони
3. Манчестер јунајтед (Англија) – 844
4. Барселона (Шпанија) – 826
5. Челзи (Англија) – 763
6. Реал (Шпанија) – 708
7. Ливерпул (Англија) – 666
8. Јувентус (Италија) – 594
9. Арсенал (Англија) – 590
10. Евертон (Англија) – 504
11. Атлетико (Шпанија) – 483
12. Тотенхем (Англија) – 479
13. Наполи (Италија) – 467
14. Интер (Италија) – 439
15. Баерн (Германија) – 408.