Во јавниот превоз во Москва казнети околу 100.000 патници без маски и ракавици

За пет месеци во јавниот превоз во Москва се казнети речиси 100.000 луѓе затоа што не носеле заштитни маски, а вкупната сума на казните изнесува вкупно 480 милиони рубљи (5,3 милиони евра), информира Владислав Султанов од управата за транспорт во главниот град на Русија.

Предвидени се казни до 5.000 рубли по лице. Од 12 мај досега издадени се повеќе од 95.900 акти за такви прекршоци со вкупна вредност од над 479,5 милиони рубли, рече тој. Во јавниот превоз во Москва дневно се вршат повеќе од 100 инспекции, со кои се опфаќаат повеќе од 100 метро станици и 3.800 надземни возила, информира Султанов.

Според здравствените власти, комбинацијата на сезонски настинки и коронавирус е многу опасна и носи ризик од сериозни последици. Затоа градската администрација во Москва препорачува учениците, старите лица и лицата со хронични болести да не патуваат низ главниот град, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави