Македонски фудбалски репрезентативец од тимот до 21 година, Агрон Руфати, кој поради жолти картони ќе го прескокне денешниот дуел за надежите против Израел, нема право да анстапи и за сениорскиот тим на утрешниот дуел со Грузија, иако беше прекумандуван меѓу сениорите. Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски-Мрме денеска пред мечот со Грузија откри оти го повикал, а потоа и го елиминирал од конкуренцијата за составот на тимот младиот Руфати.
-Од службите во ФФМ добивме информација дека Руфати бидејќи има жолти картони и не може да игра за младата селекција, би можел да настапи за А-тимот, од причина што мечот на младат селекција се игра ден пред дуелот со Грузија со што би се одработила автоматската казна од еден натпреавр неиграње. Но, откако го повикавме, на мое инсистирање испративме допис до УЕФА за да ги прашаме, дали Руфати може да игра и добивме негативен одговор. Од УЕФА ни стигна појаснување дека суспендиран играч не може да игра ни ден пред меч, ни ден после меч. И добро беше што проверивме, зашто во спротивно ќе ризикувавме службено да го загубиме мечот, појасни Ангеловски.



