Најголем број активни случаи во Аеродром – 338, следат Центар со 328 и Карпош со 317

Бројот на активни случаи со Ковид-19 во државава изнесува 3996 од кои најголем број – 1802 се во Скопје, покажуваат податоците за состојбата со вирусот, што денеска ги соопшти Министерството за здравство.

Најголем број активни случаи по општини во Скопје има во Аеродром – 338, а по него следат Центар – 328, Карпош – 317, Кисела Вода – 209,  Гази Баба – 171, Ѓорче Петров – 154, Чаир – 89, Бутел – 70, Илинден – 31, Сарај – 16, Шуто Оризари – 13, Сопиште – 12, Петровец – 6, Арачиново – 4, Чучер Сандево – 4, Студеничани – 3, Зелениково – 3, 14 се странци, а 20 нераспределени.

Треба да знаете
Последни објави