Сандра Булок и Рајан Рејнолдс во нов филм

Сандра Булок ќе глуми во новиот филм акција-романса The Lost City of D („Изгубениот град Ди“) со канадската ѕвезда Рајан Рејнолдс, со кого глумеше во хит-комедијата „Предлог“.

56-годишната актерка е и продуцент на филмот во продукцијана „Парамаунт пикчрс“, објави во понеделникот „Холивудски репортер“.

Филмот следи авторка на романса кој открива дека измислениот град што го прикажала во еден од нејзините романи е всушност вистински.

Таа тргнува на опасно патување за да го најде градот, заедно со актерот кој го толкува главниот лик во нејзината книга.

Се шпекулира дека Рајан Рејнолдс ќе ја игра главната машка улога, иако тој сè уште не го ставил својот потпис на проектот. Сандра и Рајан претходно се здружија за хит-комедијата од 2009 година, „Предлог“.

Треба да знаете
Последни објави