Во Хрватска од коронавирус се заразени 288 ученици и 33 наставници, од кои само во Загреб се 76 ученици и 30 просветни работници. Моделот на онлајн настава во Хрватска се применува во 18 основни и средни училишта.
Според податоците на Министерството за образование и наука, на подрачјето на Хрватска во самоизолација се наоѓаат 3.800 ученици и 106 просветни работници.
Во детските градинки во Загреб заразени се две деца и девет вработени, а мерка за самоизолација им е изречена на 121 дете и 22 вработени.