Градот Скопје известува дека улицата Лазар Личеноски ќе биде целосно затворена за сообраќај на потегот од СРЦ „Кале“ до пред Амбасадата на САД во периодот од 05 часот на 14.10.2020 година до 19 часот на 15.10.2020 година, поради асфалтирање.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на воведениот привремен сообраќаен режим и да ја почитуваат поставената патна сигнализација.