Арнолд Шварценегер излезе со неговиот масивен армиски џип „хамви“ за време на сообраќаниот метеж во Санта Моника во понеделникот попладне.
73-годишниот актер и поранешен гувернер на Калифорнија беше забележан во градот додека го вози својот Хамер, без врата од страната на возачот.
Шварценегер стана првиот цивил кој купил „хамви“, па дури и го отвори патот за цивилна верзија која дебитираше во 1992 година.
Хамерите првично се произведуваа строго за армијата на САД, а Шварци првпат ги открил возилата во 1990 година, додека го снимал „Полицаецот од градинката“ во Портленд.
Тој ги контактирал производителите „АМ џенерал“ и ги убедил да направат легална верзија за цивили. Тие го послушале, и во 1992 година првиот таков џип му го продале на sвездата на „Терминатор“.
Актерот ги купи и првите два „Икс 1 хамери“, кои беа повлечени од линијата истата година.