Меркел загрижена од растот на случаите со коронавирус во Европа

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека е загрижена од зголемувањето на бројот на заболени од коронавирус низ цела Европа.

-Со голема загриженост го следам зголемувањето на бројот на инфекции во речиси сите делови на Европа. И морам да кажам дека ситуацијата е се уште сериозна, рече Меркел за време на дискусијата за германското претседателство со Европската унија во Комитетот на регионите на Европската унија, пренесуваат британските медиуми.

“Не смееме да го отфрламе тоа што го постигнавме со ограничувањата во изминатите месеци. Тие ограничувања не беа лесни за никој од нас”, додада таа.

-Многумина ги загубија своите животи. И тоа ституацијата ја прави уште поважна, да се осигураме дека не е потребно повторно затворање, заклучи германската канцеларка.

Треба да знаете
Последни објави